Дома Топ вести Раиола проговори за конфликтот меѓу Мурињо и Погба

Раиола проговори за конфликтот меѓу Мурињо и Погба

Контроверзниот агент Мино Раиола повторно ја разбранува јавноста со изјава за своите клиенти, Џиџо Донарума и Пол Погба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Раиола истакна дека според него Донарума треба да го напушти Милан ова лето, а потоа проговори за евентуалниот конфликт меѓу Мурињо и Погба.

„Јас не сум такси или авион за носење луѓе од едно до друго место. Секако, ако некој од фудбалерите со кои работам, има проблеми во клубот, би се зафатил да најдам решение и за двете страни. Нема конфликт помеѓу Погба и Жозе Мурињо. Пол сака да освојува трофеи со Манчестер Јунајтед“, изјави Раиола.

Запрашан дали е точно дека се обидува да стане менаџер на Мауро Икарди и да работи на неговиот трансфер, Раиола одговори:

„Икарди е многу интересен играч, но никогаш не сум имал односи со него или со неговата сопруга Ванда Нара. Таа е неговиот агент и тоа треба да се има предвид. Јас само се обидов да контактирам со нив и да објаснам дека гласините не доаѓаат од мене. Ме поврзуваат и со Пауло Дибала, но тоа исто така не е вистина. Јувентус и Интер можат да се спокојни, ниедна од нивните ѕвездите нема да одат никаде“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…