Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери во светот, а неговиот менаџер Мино Раиола ги откри можните дестинации.
Халанд на лето готово сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд, а битката за неговиот потпис е веќе започната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мино Раиола истакна дека Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона или Манчестер Сити се клубовите кои можат да си го дозволат 21-годишниот голгетер.
„Халанд ќе го направи следниот чекор наскоро, тоа е сигурно. Баерн Минхен, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Барселона, тоа се големи клубови во кои може да напредува. Сити на пример има освоено пет титули во последните неколку години, далеку повеќе од Јунајтед“, истакна Раиола.
„Кога се преселивме во Дортмунд, сите знаевме дека ќе дојде овој чекор. Можеби ова лето, можеби летото потоа. Но, има големи шанси Ерлинг да замине летово. Ќе видиме“, додаде Мино.
Raiola to @Sport1: "Erling Haaland will take the next step. Bayern, Real, Barcelona, Man City – these are the big clubs he can join. Man City won the PL five times, significantly more than Man United. When we moved to BVB, we all knew that this step would come". 🚨 #Haaland pic.twitter.com/favWzbr9LL
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 10, 2021