Дома Фудбал Италија Раиола: Ибрахимовиќ е најкомплетен фудбалер во историјата

Раиола: Ибрахимовиќ е најкомплетен фудбалер во историјата

Контроверзниот агент Мино Раиола уште еднаш го привлече вниманието на спортската јавност со интервјуто кое го даде за „Тутоспорт“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Раиола тврди дека Златан Ибрахимовиќ е најкомплетниот фудбалер во историјата на фудбалот и дека Милан со него е кандидат за Скудетото.

39-годишниот Ибра игра фантастично и во моментов е прв стрелец во Серија А со 10 постигнати гола и тоа на 6 меча.

„Златан е единствен, бројќите говорот се за него. Јувентус имаше шанса да го обедини со Роналдо, тој беше слободен играч, но клубот од Торино згреши што не го донесе, ќе беа идеален тандем. Ибрахимовиќ на Милан му донесе супер резултати, стана екипа која е тешка да се победи. Златан е најкомплетен играч во историјата на фудбалот, го има талентот на Меси и волјата на Роналдо“, изјави Раиола.

„Милан е сериозен кандидат за Скудетото, тоа јас го зборувам веќе подолго време. Има балансиран тим, игра одлично и со Ибра во тимот се е можно. Притоа, Милан има и други шампиони како Донарума и Ромањоли“, додаде Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …