ФИФА прд еден месец одлучи да го суспендира контроверзниот агент Мино Раиола, меѓутоа сега таа суспензија е укината.
Раиола доби забрана за извршување на својата менаџерска работа на три месеци иако ФИФА не сакаше да ги открие причините за неговата суспензија. Оваа суспензија прво ја објави Фудбалскиот Сојуз на Италија, а потоа и ФИФА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За играчи кои ги води овој менаџер тоа беше голем удар, но за нивна среќа суспензијата на Раиола не траеше долго. Имено, утрово е објавено дека Раиола може слободно да си ја извршува својата работа бидејќи суспензијата му е укината.
ФИФА се одлучи да му ја укине суспензијата на Раиола на неодредено време и соопштија дека Раиола има право слободно да ги претставува своите играчи во преговорите со клубовите.
Така Раиола ќе има прилика да заработи огромна сума, а во центарот на вниманието ќе биде неговиот клиент од Ајакс, Матијас Де Лихт кој е на мета на неколку европски гиганти.
Фудбалскиот свет добро знае за што е способен Раиола, тој скоро секогаш за себе и за своите клиенти го добива она што го бара.
Некои медиуми пишуваат дека токму и оваа забрана можеби имала некаква врска со тоа што Де Лихт се уште нема пронајде нов клуб.