Зимскиот преоден рок започна и сега сигуро Мино Раиола го чека полни раце работа.
Раиола ги застапува некои од најзвучните фудбалери во светот, а некои од нив веќе направија трансфери како Ерлинг Халанд и Златан Ибрахимовиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Златан се врати да се забавува и да го забавува светот. Не можев да дозволам Галакси да биде негова последна станица“.
Еден од клиентите на Раиола е и Моисе Кин.
„И јас сум тажен поради него. Не би го довел во Премиер лигата ако не зборува добро англиски, бидејќи младите фудбалери од Италија тешко се прилагодуваат во странство. Но, ако го оставев во Јувентус ќе го натераа да игра во Серија Ц. Евертон не е задоволен со него, но само прашање на време е кога Кин ќе блесне бидејќи во Италија не се спремни на физичките напори кои се потребни за играње во Англија“.
Потоа зборуваше за третманот на Погба во Јунајтед.
„Во Манчестер сега не би одвел никого. Тие во овој момент би ги упростаиле Марадона, Пеле и Малдини. На Пол му е потребен тим како Јувентус“, изјави Раиола.