Дома Македонски спорт Мак ракомет Разочарување во Битола: Митревски си заминува!

Разочарување во Битола: Митревски си заминува!

Искусниот голман на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски си заминува од Битола.

Митревски се реши да го напушти битолскиот тим. Ова секако е голем удар за Е.Пелистер кој обезбеди неколку засилувања во последниот период, Митревски беше и тоа како важен дел од битолскиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред да се пресели во Еурофарм Митревски бранеше во Вардар, Металург, Бенфика и романската Доброгеа Суд.

Засега не е познато каде Митревски ќе ја продолжи кариерата, меѓутоа сигурно е дека нема да го продолжи едногодишниот договор кој го потпиша на почетокот на минатата сезона.

Битолчани претходно ја продолжија соработката со Милорад Кукоски, Милан Гукиќ, Елмир Граџан и Марин Вегар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Скандал: Ѓоковиќ удрен со шише во глава🎥

Голем скандал се случи на мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Корентин Муте на Мастерсот во Рим. Ср…