Дома Трансфер зона Размената помеѓу Јувентус и Барселона ќе биде завршена за 48 часа

Размената помеѓу Јувентус и Барселона ќе биде завршена за 48 часа

По се изгледа размената помеѓу Јувентус и Барселона е завршена работа и само се чека потврда од некоја од страните.

Шпанските медиуми кои важат за блиски до Барселона „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ тврдат дека размената Пјаниќ – Артур ќе биде завршена во наредните 48 часа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Договорот помеѓу играчите и клубовите се постигнати, преостануваат само уште некои детали. Барселона ќе го добие Пјаниќ, Јувентус Артур Мело, така двете страни ќе бидат задоволни.

Бразилецот од Барселона беше главен виновник што работата не беше завршена до сега. Артур одбиваше да замине, но сега го сменил мислењето, а во Торино ќе заработува помеѓу 5 и 5.5 милиони евра. Иако не се познати детали Пјаниќ исто така ги договорил личните услови.

Претхдните најави говорат дека Барселона го проценува Артур на 80, а Јувентус Пјаниќ на 70 милиони евра, па „старата дама“ ќе доплати 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…