Дома Фудбал Англија Рагник со предлог за густиот распоред: Укинете го Лига купот

Рагник со предлог за густиот распоред: Укинете го Лига купот

Ниту еден месец не помина откако Ралф Рагник е во англискиот фудбал, но Германецот веќе смета дека има решение за згуснатиoт распоред па предлага да се жртвува Лига Купот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Претходно менаџерите предложуваа во полуфиналето на Лига Купот да не се играат два меча, но никој не одел толку далеку да предложи натпреварувањето воопшто да не се игра.

„Подобро од мене знаете колку е долга традицијата и играњето на „Боксинг деј и мислам дека треба да се држиме до тоа и да ја почитуваме традицијата. Многу се радувам на тоа, ова ми е првпат во кариерата да водам тим во тие денови од кариерата. Но, постојат други работи за кои од поодамна мораше да се разговара“.

„Англија е единствена од големите лиги во Европа која ги задржа двете куп натпреварувања. Дури и Франција се откажа од второт куп натпреварување, само ние тоа го играме. Тоа е нешто за кое треба да се разговара. Лига куповите се задржани за клубовите од пониските лиги да имаат финансиска помош. Но, со ваков густ календар со толку натпревари, тоа е нешто за кое навистина мора да се разговара“, заклучи тренерот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вечерва не очекува ново полуфинале во Лигата на шампионите

АТЛЕТИКО и АРСЕНАЛ никогаш досега не ја освоиле Лигата на шампионите, а победникот од нивн…