Дома Македонски спорт Мак фудбал Работно во Тетекс: Потпишани договори со осум играчи, закажани и пет контролки

Работно во Тетекс: Потпишани договори со осум играчи, закажани и пет контролки

Oткако доби ново раководство тимот на Тетекс започна со припемите на тимот за наредната сезона во Втората македонска фудбалска лига.

Клубот од Тетово промовираше четири нови имиња кои доаѓаат од други клубови, а беа продолжени договорите и со тројца, еден младинец ќе добие шанса во првиот тим. Играчите кои доаѓаат се исто така повратници во Тетекс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Посебно задоволство ни претатавува денешното доаѓање на фудбалери кои потекнуваат од ФК Тетекс, а се повратници во нашиот клуб. Од првиот ден најавивме дека тенденција ќе биде враќање и давање шанса на фудбалери кои потекнуваат од Тетово и тетовскиот регион. Им посакуваме на сите успешни настапи во претстојната сезона.

Нови фудбалери се:

Михајло Јакимовски од Воска

Марко Спироски од Македонија ЃП

Бојан Зафировски од Македонија ЃП

Арменд Адеми од Кадино

Профолжени се договорите со: Марко Ивановиќ, Стефан Стефановски и Агон Елмази .Во првата екипа е вклучен и голманот Стефан Богојевски“, соопштија од Тетекс.

Воедно закажани се и 5 контролни натпревари:

20.07 – Работнички

23.07 – Воска

26.07 – Струга ТЉ

29.07 – Караорман

06.08 – Пелистер (генералка)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Форца 2015 е освојувачот на футсал Купот на Македонија

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот…