Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички и Скопје го отвараат 10. коло во ПМФЛ

Работнички и Скопје го отвараат 10. коло во ПМФЛ

Работнички и Скопје ќе го отворат десеттото коло од Првата фудбалска лига. Нашиот тим утре, со почеток во 14 часот, ќе го пречека Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.

Поради локалните избори кои се во недела 10. коло од ПМФЛ започнува ден порано, а останатите пет натпревари ќе се одиграат утре.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Работнички кој е на четвртата позиција со ист број на бодови како и Академија Пандев (15) ќе се обиде да дојде до победа која барем до утре би го изедначила со Ренова која има 18 бода на втората позиција. Во овој натпревар момците на Александар Влахо влегуваат после два натпревари во кои се без победа, реми со Пелистер и пораз од Шкупи.

Скопје пак од друга страна има реми и победа и тоа за нив е до некаде подобрување на формата затоа што беа во серија од три порази. За нив посебно добар резултат е ремито со Академија Пандев минатото коло (0:0). Сега ќе се обидат да дојдат до нов позитивен резултат против уште еден тим од горниот дел на табелата.

Главен судија ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески. Четврти судија е Ивана Пројковска. За делегат на натпреварот е одреден Благоја Гешоски од Прилеп, а контролор на судењето ќе биде Ѓорѓи Карајанов од Гевгелија.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Страв и трепет: Познат составот на Американците за Олимписките игри во Париз

Голем дел од медиумите во САД веќе го објавуваат тимот со кој Американците ќе играат на Ол…