Работнички оствари важна победа (0-2) против Пелистер на почетокот на пролетниот дел од сезоната и промовираше талент од новата генерација.
Суперталентираниот Теодор Николовски доби шанса да дебитира во сениорскиот тим со 16 години и три месеци. Нема сомнение дека пред него е блескава фудбалска иднина и ќе тргне по стапките на Елиф Елмас и на Лука Станковски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Николовски е играч од средниот ред и речиси цела година тренира со првиот тим на Работнички, но досега немаше право за настап за сениорскиот состав со оглед на возраста. Откако наполни 16 години и се наметна кај шефот на стручниот штаб Борче Христов на подготовките во Анталија, тој доби шанса за деби веќе на првиот пролетен натпревар против Пелистер.