Играчот од средниот ред на Јувентус, Адријан Рабио, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата, тврдат француските медиуми.
Јувентус е спремен да го продаде Рабио, кој не се наметна како лидер во тимот, па „старата дама“ сака да заработи на неговата продажба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите тврдат дека неговата мајка, која му е агент, веќе започнала преговори со Манчестер Јунајтед, кој е прв кандидат за потписот на Французинот.
Солскјер е во потрага по квалитетен играч за врска и смета дека Рабио би бил идеално засилување за неговиот тим.
Јувентус за слободата на плејмејкерот бара 40 милиони евра, сума која Јунајтед е спремен да ја плати.