Францускиот играч за врска Адриен Рабио од првиот ден во 2019 година доби прилика да преговара со заинтересираните клубови.
Први наводно во Париз пристигнале претставниците на Спарсите кои Рабио лесно ги одбил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рабио сака да настапува за Барселона и спремен е дури и да седи на клупата во вториот дел од сезоната. На лето како слободен играч би можел да премине на „Ноу Камп“.
Сепак, ПСЖ има поинакви намери. Тие сакаат да заработат од овој трансфер и ќе се обидат да го продадат во јануари. Голем интерес за неговите услуги покажа Тотенхем, но Рабио ги одбил „петлите“.
Не е чудно некој играч да одбие некој клуб, но она што е навистина зачудачки е начинот на кој фудбалерот го одбил англискиот клуб.
Наводно, Рабио им порачал дека тој е премногу добар за да настапува за нивниот клуб.
Дека воопшто не е во право, доволно е само да споменеме дека во Тотенхем настапува еден Хари Кејн.
'Below our level!' – Tottenham fans have the perfect response to Adrien Rabiot's reported dighttps://t.co/KzKq1o2vi9
— Tottenham News (@Spurs_fl) January 1, 2019