Криштоф Пјонтек минатата сезона беше вистинско откритие во Серија А и после само шест месеци во Џенова направи трансфер во Милан за 38 милиони евра.
Полјакот ја продолжи својата голгетерска серија и на „Сан Сиро“, но оваа сезона се вклопи во сивилото на „росонерите“ и има постигнато само два гола.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, Пјонтек е полн со самодоверба, вели дека наполно работи и тврди дека неговиот следен трансфер ќе биде двојно поскап.
„Кога се преселив во Милан, толку брзо се случи трансферот што не прашував ништо. Сега вредам 38 милиони евра, но следниот пат кога ќе ја променам средината, ќе биде за 60-70 милиони евра“, истакна Пјонтек.
„Морам да бидам амбициозен и ќе работам напорно за ова да се случи. Се уште сум на почетокот од кариерата, ова е само мојата втора сезона во Серија А, едно од најдобрите пет првенства во Европа“,додаде Полјакот.