Уште една сезона во Серија А е завршена, Миралем Пјаниќ со Јувентус стигна до своето трето Скудето во низа.
Во последните недели на големо се шпекулира дека Пјаниќ ќе го напушти Јувентус, но тоа може многу да зависи од новиот тренер на „старата дама“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од најдобрите играчи за врска е желба на најбогатите европски клубови, а најмногу се поврзува со Пари Сен Жермен.
После натпреварот против Сампдорија во кој Пјаниќ не играше Босанецот испрати мистериозна порака преку социјалните мрежи.
„Му благодарам на Јувентус за оваа убава сезона. Следуваат два натпревари со репрезентацијата, а потоа малку одмор до почетокот на следната сезона, како и секогаш со иста цел, да се освои се“, порача Пјаниќ.
Оваа порака ги загрижи навивачите, па еден навивач во коментар го запраша:
„Поради оваа порака лоши мисли ми помминуваат низ главата, треба ли да се грижиме?“, запраша еден навивач.
иќ,
Потоа доби одговор и од Пјаниќ.
„Ова беше благодарност до сите вас на поддршката“.