Миралем Пјаниќ вчера вечер пристигна во Барселона и во наредните денови ќе биде преставен како ново засилување за каталонскиот клуб.
Пјаниќ во Барселона дојде од Јувентус, но подоцна од она што се планираше. Откако го победи коронавирусот пристигна на неговата нова дестинација и веднаш позираше во опрема на новиот клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Босанскиот фудбалер им се обрати на навивачите на Барселона и порача дека едвај чека да заигра за Барселона.
„Здраво на сите на навивачи во Барселона. Стигнав во Барселона и многу сум горд и среќен што сум тука. Едвај чекам да заиграм на „Камп Ноу““, порача Пјаниќ.
Pjanić stigao u Barcelonu! pic.twitter.com/H7G69rWui4
— SportTime (@SportTi43915378) September 10, 2020