Дома Фудбал Пјаниќ: Не играм колку што очекував, потребно ми е време да се вклопам

Пјаниќ: Не играм колку што очекував, потребно ми е време да се вклопам

Миралем Пјаниќ пред почетокот на сезоната го напушти Јувентус и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Барселона.

Меѓутоа, иако стигна како големо засилување Пјаниќ во Барселона не игра според очекуваното. Роналд Куман многу повеќе им дава шанса на Бускетс и Де Јонг, а Пјаниќ мора повеќе да работи доколку сака да се избори за своето место во почетниот состав.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Пјаниќ во последно време играше неколку натпревари од првата минута, но не се прослави многу. Сепак, репрезентативецот на БиХ е убеден дека неговото време ќе дојде и дека ќе ја оправда улогата за големо засилување.

Француски Телефуд денеска ќе објави интервју со Пјаниќ, а како најава има една негова изјава во која порачува дека му треба време да се вклопи во тимот.

„Не е лошо. Нормално, не играм колку што очекував, но добро е. Секој ден се повеќе и повеќе се прилагодувам на новиот клуб, на соиграчите, новиот живот…Ми треба време целосно да се влопам.“ – рече Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …