Миралем Пјаниќ и официјално е нов играч на ЦСКА Москва.
Рускиот тим на необичен начин го претставија фудбалерот од БиХ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Здраво на сите, јас сум Миралем Пјаниќ и играв во многу клубови, но секогаш се стремев да бидам на коњ и да, ќе бидам искрен, честопати успевав во тоа.
Потоа погледнете ги вашите омилени играчи и вратете се кај мене. Погледни ги повторно и врати ми се. Види? Се вратив на коњот и сега сум меѓу коњите“, вели Пјаниќ во видеото.
Целото видео потсетува на рекламата за популарните хигиенски производи „Олд Спајс“, особено во деловите каде Пјаниќ вели “back to me” и кога крајот на видеото открива дека новиот играч на ЦСКА е на коњ.