Дома Фудбал Репрезентации Пуштени во продажба билетите за натпреварот Италија – Македонија

Пуштени во продажба билетите за натпреварот Италија – Македонија

На 24. март во Палермо Македонија ќе го игра полуфиналниот бараж против Италија за Светското првенство во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италија со фаворитска улога ќе ја пречека Македонија на „Ренцо Барбера“, но секако дека момците и Милевски нема да истрчаат со бело знаме, сите веруваме во изненадување и пласман во финалниот натпревар во баражот.

Ќе потсетиме, победникот од нашиот дуел ќе игра против подобриот од натпреварот во Лисабон помеѓу Португалија и Турција.

Според најавите од Италија овој натпревар може да се игра со 100% исполнетост на стадионот што би бил прв од почетокот на пандемијата. Објавени се и цените за билетите и тие се од 80 евра до 222 евра.

Билетите се пуштени во продажба и веќе може да се купуваат – тука.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…