Дома Македонски спорт Мак фудбал Пуштени во продажба билетите за мечот Македонија – Косово

Пуштени во продажба билетите за мечот Македонија – Косово

Фудбалската федерација на Македонија денес ги пушти во продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Косово од плеј – од фазата за пласман на Европското првенство 2020.

Македонската А репрезентација против Косово на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ го игра полуфиналниот натпревар од Лига на Нации.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Влезниците за натпреварот се пуштени во продажба од 03.03.2020 год. преку продажната мрежа на MKTickets и следните избрани места:

–  Билетара на Национална арена „Тодор Проески“ (секој ден од 10:00 до 18:00 часот)

–  T.A. Глобус – Охрид

–  T.A. Бран – Прилеп

–  Кафе бар „Концепт“ – Струмица

–  Симбол Кафе – Штип

–  Литература – Битола

–  Киоск Корзо – Неготино

–  Уни сон – Велес

–  Тобако Лени + – Гевгелија

–  Либеро Травел – Кочани

Влезница за јужната и северната трибина од Националната арена „Тодор Проески“ ќе се продаваат по цена од 300 и 400 денари.

Едно лице може да купи еден билет со приложување на документ за идентификација (важечка лична карта или патна исправа). Секој билет ќе биде персонализиран.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…