Селекторот на Хрватскса, Лино Червар апелираше денес на Европската и Меѓунаордната ракометна федерација да ги „променат правилата конечно“ и да ја укинат слободната судиска проценка која директно влијае на победата или поразот.
Хрватска славеше против Чешка со 28:27 и го освои петтото место на ЕП, а Червар на тој меч последен пат ја предводеше националната селекција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој на прошталната конференција за новинарите искористи да ги нападне судиите.
„Апелирам на Европската и Меѓународна ракометна федерација конечно да ги променат правилата и да ја укинат субјективната проценка на судиите кои директно влијаат на прашањето за победата или поразот“, истакна Червар.
Тој истакна дека на шампионатот на Хрватска не и е судено како на домаќин, туку како и на секоја друга репрезентација и дека би сакал тој тренд да продолжи на следните натпреварувања.
„Но, мислам дека ракометот заслужи промена на правилата и дека е време аматерите да престанат да одлучуваат за судбината на професионалците. Субјективните проценки треба да се укинат, а ми пречи и тоа потценување на тренерите од страна на судиите. Време е ЕХФ и ИХФ нешто да направат, а по потреба и Меѓународниот олимписки комитет бидејќи единствено во ракометот послабата екипа, не може да ја победи подобрата“, истакна Червар.