Дома Фудбал Германија Пукна во Шалке: Откази добија тренерот, спортскиот директор, тим менаџерот и фитнес тренерот!

Пукна во Шалке: Откази добија тренерот, спортскиот директор, тим менаџерот и фитнес тренерот!

Германски Шалке веќе подолг период е во криза и тимот се наоѓа на последното место во германската Бундеслига, после вчерашниот пораз од Штутгарт со 5:1 толку многу го налути раководството што отказ добија спортскиот директор, тим-менаџзерот, тренерот и фитнес тренерот.

Дел од Шалке повеќе не се Јохан Шнајдер (спортски директор), Саша Ритер (тим-менаџер), Кристијан Грос (тренер), Вернер Лотард (фитнес тренер).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раководството се обидува да најде начин да го спаси клубот од испаѓање, а тоа во овој момент изгледа како тешка мисија затоа што Шалке е одалечен 9 бода од позицијата која обезбедува опстанопк.
Во актуелната сезона Шалке смени дури четири тренери, но никако на клубот да му тргне.

Грос заминува откако во запиша една победа, три нерешени и шест порази во последните 10 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Министерот на Италија незадоволен од одлуката за Ачерби: Го разбирам бесот…

Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига…