Дома Фудбал Останато ПСЖ ќе се збогува со Емери: Отворени опциите за новиот наследник

ПСЖ ќе се збогува со Емери: Отворени опциите за новиот наследник

emeri

Постои голема веројатност дека Унаи Емери ќе ја заврши својата мисија во ПСЖ на крајот од оваа сезона доколку не ја освои Лигата на шампионите.

Овој шпански тренер имаше разочарувачка измината сезона и вистинско чудо е како остана на клупата и оваа сезона, а се поставува големо прашање дали ќе го преживее ова лето на клуппата на тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку кандидати има за негова смена.

Прв на листата е Мурињо, но тој е врзан за Манчестер Јунајтед, па ќе биде многу тешко да се донесе. Иако, истото се зборуваше за Нејмар , па Бразилецот е сега во Париз.

Масимилијано Алегри се јавува како кандидат и е нешто пореална опција, а алтернатива е и Маурисио Покетино, сегашниот предводник на Тотенхем.

„Мундо Депортиво“ денес пренесува дека Алегри е фаворит, дека тој е основна алтернатива за челниците на ПСЖ, а и дека ќе се обидат да направат се за да го придобијат да премине во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…