Пари Сент Жермен внимателно ја следи ситуацијата со ѕвездата на Манчестер Сити, Ријад Марез, пренесуваат француските медиуми.
30-годишниот Алжирец го загуби местото во стартниот тим кај Гвардиола и не е задоволен од својот статус на „Етихад“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата и незадоволството на Марез, па спрема понуда за да го донесе во Париз.
Марез има договор со Сити до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот. Поради тоа „граѓаните“ нема да се противат на негова продажба и се спремни да слушнат понуди.
Марез не крие дека има желба да се пресели во ПСЖ, каде го гледаат како замена за Мбапе, кој најверојатно на лето ќе го напушти клубот.