Килијан Мбапе на крајот од сезоната го напушта ПСЖ, а францускиот клуб на големо ја планира следната сезона без него.
Веќе се пишуваше за интересот на Пари Сен Жермен за Луис Дијаз, а во меѓувреме стигнуваат потврди од различни извори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За ова сега пишуваат медиумите во Колумбија и Франција, кои тврдат дека Луис Енрике со задоволство би го довел Луис Дијаз наместо Мбапе, но дека спортскиот директор Луис Кампос се сомнева бидејќи повеќе би сакал да „турне“ помлад како Баркола.
Дијаз нема да биде евтин, но Ливерпул може да се согласи да го продаде во случај на прекрасна понуда. Новиот спортски директор Ричард Хјуз ќе биде задолжен за спортските прашања, заедно со нов менаџер, кој ќе одлучува и за статусот на Луис Дијаз.
Конкуренцијата во нападот на Ливерпул е силна, тука се и Коди Гакпо, Диого Јота и Дарвин Нуњез, а сите играа лево крило под водство на Јирген Клоп, како и Луис Дијаз.