Дома Трансфер зона ПСЖ спреми 50 милиони за ѕвездата на Милан

ПСЖ спреми 50 милиони за ѕвездата на Милан

Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.

„Светците“ планираат ова лето да испратат понуда за 22-годишниот дефанзивец, кој игра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Хернандес оваа сезона постигна 6 гола во Серија А.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Милан го купи Хернандес минатото лето од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрата сезона.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе стапил во контакт со Милан и потврдил дека е спремен да плати 50 милиони евра за Французинот.

Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и е спремен да ја одбие понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…