Дома Трансфер зона ПСЖ спремa две зимски засилувања

ПСЖ спремa две зимски засилувања

„Светците“ играат одлично оваа сезона, како во француското првенство, така во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, раководството сака додатно да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, па тренерот Томас Тухел ја кажа својата најголема желба.

Имено, германскиот стратег го сака искусниот десен бек на Борусија Дортмунд, Лукаш Пишчек.

34-годишниот десен бек има договор со „милионерите“ до крајот на сезоната, па „светците“ нема да имаат проблем да го донесат во Париз.

Другата желба на ПСЖ е играчот за врска на Јувентус, Емре Чан. Германскиот репрезентативец не е во плановите на „старата дама“ и може да ја промени средината во јануари.

Неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, но се верува дека ПСЖ ево пол-позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…