Дома Трансфер зона ПСЖ сака двајца играчи на Милан, спремни 80 милиони

ПСЖ сака двајца играчи на Милан, спремни 80 милиони

Левиот бек на Милан, Тео Хернандес и плејмејкерот Исмаил Бенасер се голема желба на раководството на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.

22-годишниот дефанзивец игра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Хернандес оваа сезона постигна 6 гола во Серија А.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан го купи Хернандес минатото лето од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрата сезона.

Што се однесува до Бенасер тој пристигна во Милан за 16 милиони евра, а потоа беше прогласен за најдобар играч на Африканскиот Куп. Тој продолжи со добрите игри во Серија А, па е една од светлите точки кај „росонерите“.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе стапил во контакт со Милан и потврдил дека е спремен да плати 50 милиони евра за Французинот и 30 милиони за Алжирецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …