Дома Фудбал Останато ПСЖ пронајде начин! – Еве како ќе го испочитува ФФП и нема да продаде НИКОГО!

ПСЖ пронајде начин! – Еве како ќе го испочитува ФФП и нема да продаде НИКОГО!

mbape neymar

На екипата на ПСЖ потребни и се уште околу 80 милиони евра за до испочитуваат УЕФА финансискиот фер-плеј.

Оваа информација ја пренесува „RMC Sport“, додека „L’Equipe“ пренесува дека на клубот од Париз му се потребни уште околу 75 милиони евра, како и да е сумата е тука некаде. Интересно е дополнителна информација која ја наведува „L’Equipe“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, се наведува дека ПСЖ би можел да ги испочитува правилата без да продаде ниту еден фудбалер, а за тоа на располагање имаат четири начини: Преку спонзорство, телевизиски права, продажба на влезници и клупски производи.

Според реномираниот француски медиум, ПСЖ има опција да го продолжи договорот со „Најк“ кој има важност до 2022 година, додека договорот со главниот спонзор „Fly Emirates“ истекува во 2019 година, а секој од спонзорите претставува износ од 25 милиони евра.

Договорот со „Најк“ би можел да биде обновен поради пристигнувањето на Нејмар, а тоа на клубот би му донело помеѓу 40-50 милиони евра, додека од продажбата на карти се очекуваат приходи помеѓу 8 и 14 милиони евра. Не треба да се заборави дека продажбата на карти беше значително зголемена откако ПСЖ оформи пеколно напаѓачко трио.

Исто така, Нејмар и Мбапе ја зголемија продажбата на дресови. Според премсетките зголемувањето би требало да биде помеѓу осум и 12 милиони евра во однос на минатата сезона, а тука се уште и продажбата на телевизиските права. Се шпекулира дека се работи за иснос помеѓу 10 и 20 милиони евра, но тој износ би можел да се зголемува со подолгото останување на ПСЖ во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…