После цели 17 години Џанлуиџи Буфон вчера го одигра последниот натпревар за Јувентус, но најверојатно не и последниот во кариерата.
Легендарниот голман призна дека има примамливи понуди и дека најверојатно ќе продолжи со играњето фудбал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесоа дека најконретен е интерсот на ПСЖ кој му понудил двегодишен договор „тежок“ 8 милиони евра по сезона.
Вчера, во интервју за француските медиуми претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи призна дека клубот го сака Буфон во своите редови.
„Буфон е фантастичен голман, но пред се станува збор за џентлмен и харизматична личност. Нашиот прв избор е Ареола и таа одлука нема да ја менуваме. Секако, секој клуб би сакал да го има Џанлуиџи Буфон“, изјави Ал Келаифи.
PSG chief Nasser Al-Khelaifi dispels Gianluigi Buffon rumours https://t.co/GCEpunTHrU via @todayng pic.twitter.com/DFMrKoZJ8n
— Nigeria Newsdesk (@NigeriaNewsdesk) May 20, 2018