Oд Франција пристигнуваат информации дека ПСЖ го означил Исмаел Бенасер од Милан како приоритет ова лето.
„Светците“ никогаш не го криеа интересот за 22 годишниот Бенасер, но сега наводно ќе тргнат во акција да стигнат до неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ќе потсетиме, Милан минатото лето го купи Бенасер од Емполи за 16 милиони евра, но само една година подоцна Алжирецот се проценува на 50 милиони евра.
Неговата откупна клазула во Милан изнесува 50 милиони евра, но се верува дека таа ќе почне да важи од јуни наредната година.
На ПСЖ во меѓувреме му се брза, а управата на клубот го гледа Бенасер како клучен во „ремонтот“ во средниот ред и спремни се ова лето да потрошат сериозна сума за да го доведат во своите редови.
„Светците“ испратиле прва понуда од 40 милиони евра, но Милан експресно ја одбил и порачал дека играчот не е на продажба.