КИЛИЈАН МБАПЕ заминува од ПСЖ во Реал Мадрид. Тој веќе се прости од навивачите во Париз и е подготвен на лето да потпише петгодишен договор со Кралскиот клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што пишува Газета дело Спорт, ПСЖ веќе најде замена за својата легенда. Се работи за Кварацхелија, одличниот грузиски офанзивец, кој настапува за Наполи.
Според Газета, ПСЖ понудил 80 милиони евра за 23 годишниот играч. Наводно, Наполи ја одбил таа понуда бидејќи бара минимум 120 милиони евра.
Кварацхелија минатата сезона беше најдобар играч на шампионот Наполи, додека годинава падна во втор план бидејќи клубот игра слабо и е деветти на табелата.