Дома Фудбал ПСЖ повторно ја провоцира Барселона на Твитер

ПСЖ повторно ја провоцира Барселона на Твитер

ПСЖ вчера на социјалните мрежи објави дека младиот играч на оваа екипа Стенли Нсоки ја продолжил соработката со првакот на Франција.

Нсоки ги помина младинските категории на францускиот клуб, а за првиот тим на Парижаните дебитираше во минатата сезона во која запиша три настапи. Овој 19 годишен дефанзивец вчера официјално потпиша нов договор со ПСЖ до летото 2021. година.

Сепак, она што го привлече вниманието на јавноста е што ПСЖ уште еднаш ја искористи приликата да ја провоцира Барселона. Во постот за Нсоки ја искористија легендарната реченица на Пике “Se queda“ која играчот на Барса ја објави за Нејмар додека се уште се шпекулираше дека ќе премине во ПСЖ.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…