Дома Трансфер зона ПСЖ не се откажува од Канте, но…

ПСЖ не се откажува од Канте, но…

Пари Сент Жермен и понатаму е силно заинтересиран за ѕвездата на Челзи и француската репрезентација, Нголо Канте, пренесуваат француските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според „Le10 Sport“ францускиот клуб ќе направи се за да го убеди 27-годишниот играч за врска да се пресели во Париз на лето.

Меѓутоа, тоа ќе биде исклучително тешка мисија за „светците“ бидејќи Канте неодамна стави потпис на нов договор со Челзи до јуни 2023 година.

Медиумите тврдат дека ПСЖ е спремен да понуди 100 милиони евра за неговиот потпис. Сепак, тешко е да се поверува дека „сините“ ќе го пуштат еден од најважните фудбалери во тимот.

https://youtu.be/2JCjVBxQJ54

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…