Пари Сент Жермен повторно ќе се обиде да го донесе играчот на Тотенхем, Деле Али во јануарскиот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Парижаните имаа неколку обиди за негов ангажман и во летниот преоден рок, но тогаш двата клуба не постигнаа договор.
Деле Али има проблем со Мурињо оваа сезона и добива многу мала минутажа, па и самиот сака да ја промени средината.
ПСЖ ќе се обиде да го донесе Англичанецот на позајмица со крајот на сезоната со право на откуп, бидејќи е во потрага по засилување на средниот ред.
Самиот Деле Али инсистира да му биде дозволен трансфер, бидејќи сака да има минутажа пред Европското првенство.