Дома Трансфер зона ПСЖ нема намера да запре: Погба бил блиску до потпис?!

ПСЖ нема намера да запре: Погба бил блиску до потпис?!

Со оглед на тоа колку засилувања доведе ПСЖ ова лето францускиот „Canal supporters“ пренесува изненадувачка вест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно во ПСЖ немаат намера да застанат и постигнале договор за ангажман на Погба. Маурисио Покетино изгледа има намера да направи еден од најсилните состави и да ја донесе ЛШ на „Паркот на принцовите“.

Пол Погба е првата опција, а ако преговорите со Манчестер Јунајтед не бидат успешни тогаш „светците би можеле да се насочат кон Едуардо Камвинга.

Информациите се дека Погба и ПСЖ се блиску до договор и се истакнува дека Французинот би требало да стане третиот најплатен фудбалер на овој клуб, веднаш зад Нејмар и Мбапе.

Кога станува збор за оштетата се најавува дека Манчестер Јунајтед би прифатил понуда од 70-80 милиони евра.

Ќе потсетиме ПСЖ веќе ги доведе, Рамос, Вајналдум, Хакими и Донарума, но од нив го плати само Хакими останатите беа доведени како слободни агенти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…