Дома Топ вести ПСЖ му ја отвори вратата на Нејмар, спрема спектакуларен трансфер

ПСЖ му ја отвори вратата на Нејмар, спрема спектакуларен трансфер

Нејмар го носи дресот на ПСЖ и оваа сезона, иако цело лето се шпекулираше дека ќе го напушти Париз.

Во вториот дел од минатата сезона, Бразилецот влезе во судир со челните луѓе на клубот по што беше незадоволен и сакаше да ги напушти францускиот клуб и да се врати во Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, тоа не се случи и бразилецот остана во ПСЖ, но иако одигра само 9 натпревари оваа сезона поради повреда, успеа да постигне 6 голови.

Иако се чини дека ситуацијата меѓу двете страни се смири, Нејмар се уште нема намера да потпише нов договор со ПСЖ и сигурно ќе ја искористи првата можност да се врати на „Камп Ноу“.

ПСЖ е свесен за ова и сака да најде идеална замена за Бразилецот. Ова лето се шпекулираше дека тоа може да биде Пауло Дибала, но тој сепак остана во Јувентус.

Сега, според Франс Фудбал, во Париз се гледа нов кандидат како замена за Нејмар, а тоа е играчот на Ливерпул, Садио Мане.

Ливерпул тешко ќе се откаже од Сенегалецот, но весникот тврди дека ПСЖ е спремен да понуди 200 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус честиташе, но Ањели брутално одговори на прославата на Интер на 20. Скудето

Јувентус преку социјалните мрежи му ја честиташе титулата на Интер (ТУКА), но поранешниот …