Легендата на Милан, Паoло Малдини доби понуда за раководна позиција во Пари Сен Жермен, пренесува „Скај Италија“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Малдини доби отказ од позицијата технички директор на „росонерите“ на крајот на сезоната Сопственикот на Милан, Џери Кардинале го отпушти Малдини и неговиот соработник Рики Масара наводно поради различни погледи за иднината на клубот.
Малдини во изминатите години покажа дека е одличен и како директор и беше најзаслужен за подемот на „росонерите“ и освоената шампионска титула.
Според „Скај спортс“, Италијанската фудбалска федерација исто така му понудила работа на Малдини, но не е познато на која позиција.