Дома Топ вести ПСЖ има идеја: Рабио + пари = Пјаниќ

ПСЖ има идеја: Рабио + пари = Пјаниќ

Пари Сент Жермен има намера да испрати понуда до Јувентус за услугите на босанскиот плејмејкер Миралем Пјаниќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се погласни се шпекулациите дека Пјаниќ би можел да го напушти Јувентус ова лето, а за него силен интерес покажуваат Манчестер Сити и Челзи.

Сега во траката за неговиот потпис се приклучи и ПСЖ кој е спремен да го понуди Рабио плус 30 милиони евра за да дојде до услугите на Босанецот.

Јувентус е исто така заинтересиран за Рабио и смета дека би бил идеална замена за Пјаниќ, па ваквата понуда може да ги заинтригира „бјанконерите“.

Меѓутоа, Манчестер Сити и Челзи се спремни да понудат помеѓу 80 и 100 милиони евра, понуда која многу повеќе ќе им одговара на „бјанконерите“. Поради тоа „старата дама“ сигурно ќе побара поголема доплата од споменатите 30 милиони евра.

Рабио одби да го продолжи договорот и е на излезна врата од ПСЖ, а силен интерес за него покажува и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…