Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилиано Алегри после една година одмор е спремен да му се врати на фудбалот.
Алегри минатото лето спогодбено го раскина договорот со Јувентус и одби многу побуди бидејќи сакаше да се одмори една година, но сега е спремен да се врати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека стигнала понуда од Пари Сент Жермен. Спортскиот директор Леонардо сака да го донесе Италијанецот во Париз бидејќи не е задоволен од работата на Томас Тухел.
После поразот од Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони настанала расправија помеѓу Тухел и Леонардо, па наскоро би можел Алегри да седне на кормилото на „светците“.