Дома Фудбал Останато ПСЖ добива конкуренција: Во Париз се раѓа нов гигант

ПСЖ добива конкуренција: Во Париз се раѓа нов гигант

Екипата на ПСЖ откако е во сопственост на шеикот на Катар, доминира во францускиот фудбал, а наскоро може да добие конкуренција во Париз.

Последните информации велат дека во Париз би можел да се појави уште еден финансиски гигант.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кралството Бахреин одлучи да купи 20% од акциите на второлигашот ФК Париз, а во иднина може да се случи потполно преземање на клубот.

Во моментов мнозински сопственик е Пјер Фарачи со 77% од акциите, но сепак Бахреин има намера да стане жестока конкуренција на Катар, па донесена е одлука да се тргне во голем проект наречен „Град на светлината“.

Овој клуб последен пат во Лига 1 играл во 1974 година. Оваа сезона во последен момент Париз ФК се спаси од испаѓање во понизок ранг, во Лига 2 го освоија 17 место, а планот е што поскоро да влезе во елитата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Марка: Барселона потпишува мега-договор. Тоа ќе и донесе најмалку 1,3 милијарди евра

БАРСЕЛОНА наскоро би требало да потпише договор со Најк вреден повеќе од една милијарда ев…