Дома Топ вести ПСЖ го „краде“ Де Јонг пред носот на Манчестер Јунајтед

ПСЖ го „краде“ Де Јонг пред носот на Манчестер Јунајтед

ПСЖ сериозно се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона е во финансиски проблеми, па е спремна да го продаде 24-годишниот плејмејкер ова лето доколку пристигне понуда од 75 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како фаворит за неговиот потпис важеше Манчестер Јунајтед, бидејќи Де Јонг е најголема желба на Тен Хаг.

Холанѓанецот одлично го познава Де Јонг бидејќи заедно работеа во Ајакс и плејмејкерот својата фудбалска афирмација ја доживеа токму под негово раководство.

Меѓутоа, сега ПСЖ се вклучи во трката и сака да го „укаре“ играчот пред носот на Јунајтед бидејќи „светците“ се спремни да понудат 75 милиони евра во кеш.

Притоа, ПСЖ му нуди на Холанѓанецот да игра во Лигата на шампиони, а Јунајтед следната сезона нема да игра во најелитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …