Дома Топ вести ПСЖ го „краде“ германскиот талент пред носот на Баерн

ПСЖ го „краде“ германскиот талент пред носот на Баерн

Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за новата ѕвезда на Салцбург, Карим Адејеми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Светците“ на крајот на сезоната најверојатно ќе останат без Килијан Мбапе, кој ќе замине како слободен агент, па веќе почнаа да бараат замена за Французинот.

19-годишниот Адејеми блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата.

Фудбалерот, роден во 2002 година од мајка Романка и татко Нигериец, дебитираше за германската репрезентација во септември, и важи за еден од најголемите талени.

ПСЖ ќе има жестока конкуренција бидејќи за Адејеми интерес покажуваат Баерн Минхен и Ливерпул, а Салцбург е спремен да го пушти уште во јануари за 35 милиони евра.

Младиот напаѓач оваа сезона има одиграно 18 меча на кои постигна 14 гола и запиша 2 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…