Ситуацијата помеѓу ПСЖ и Килијан Мбапе е крајно напната, а „светците“ јасно ставија до знаење дека повеќе не сметаат на својата најголема ѕвезда.
Мбапе влезе во последната година од договорот и одбива да го продолжи бидејќи сака следното лето да си замине како слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа ПСЖ сака да го продаде ова лето, но Мбапе не отстапува од намерата да си замине како слободен агент на крајот на сезоната.
Во официјалниот фан-шоп на клубот во Париз се повлекуваат од продажба дресови со бројот 7 и презимето Мбапе на грбот, а денес се вадеше големиот постер со ликот на Мбапе кој ја красеше фасата на стадионот „Парк на принцови“.
Ова јасно покажува дека повеќе нема да смета на Мбапе и доколку одлучи да остане ќе ја помине цела сезона на трибини.
Kylian Mbappe’s poster is being removed by PSG. It might take long but there’s no way Mbappe is escaping this time. pic.twitter.com/P1TTbbAnHg
— Miss ADEL🦋🦚🌹 (@a_derll) August 8, 2023