Дома Фудбал Останато ПСЖ го избра тренерот за следната сезона

ПСЖ го избра тренерот за следната сезона

Француските медиуми пренесуваат дека голема желба на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е на клупата на својот тим да го види Маимилиано Алегри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сопственикот на ПСЖ ја цени работата на Алегри и смета дека ќе биде полесно да се победи во Лигата на шампионите со него.

Италијанецот во моментов е без ангажман после заминувањето од Јувентус, но веќе одби неколку понуди и најави дека ќе се врати дури следното лето.

Директорот на „светците“ Леонардо наводно веќе имал првични контакти со Алегри, кој дал „зелено светло“ за негово доаѓање во Париз.

Италијанските медиуми тврдат дека ПСЖ е спремен да му понуди 3-годишен договор „тежок“ 12 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шокантно откритие: Меси по потекло не е Аргентинец и можел да заигра за најголемиот ривал!

Историчарот Фјоренцо Сантин со тригодишна истрага откри шокантни детали за потеклото на ле…