Дома Топ вести ПСЖ влегува во трката за Влаховиќ

ПСЖ влегува во трката за Влаховиќ

Фиорентина потврди дека Душан Влаховиќ одбил да потпише нов договор со „виолетовите“ и на лето ќе го напушти клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а одби да стане најплатен фудбалер во историјата на клубот.

Битката за неговиот потпис веќе започна, а последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е Пари Сент Жермен.

„Светците“ на лето најверојатно ќе останат без Мбапе, Икарди е исто така на излезна врата, па како приоритет го поставија токму Влаховиќ.

Според „Газета Дело Спорт“ Фиорентина за неговата слобода бара 90 милиони евра, сума која другите заинтересираните клубови не можат да ја платат, но за ПСЖ нема да биде проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…