Дома Фудбал Италија Прошталниот говор до Астори кој допира до срцето: Давиде, ти си нашата светлина…(Видео)

Прошталниот говор до Астори кој допира до срцето: Давиде, ти си нашата светлина…(Видео)

astori

Денес Фиренца се простува од својот миленик и капитен Давиде Астори.

Центарот на Фиренца е преполн со илијадници фанови кои сакаат да му оддадат последна почит на големиот спортист. На погребот секако присуствуваат сите негови соиграчи, како и големи легенди на европскиот фудбал.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Милан Бадељ како соиграч и заменик капитен одржа емотивен говор посветен на Астори.

Иако Бадељ го нема во кадарот, може да забележи неговото треперење во гласот додека на разглас пред Базиликата Санта Кроче го одржувше емотивниот говор.

„Драг Давиде, ти зборува во име на соиграчите и целиот клуб. Твоето име на хебрејски значи сакан, а кога денес ги гледам сите овие луѓе тука собрани поради тебе, верувам дека со причина го носеше тоа име. Давиде, ти со своите очи влегуваше под кожата на секој човек и знаеше како да останеш таму. Не си ти како сите други. Ти си оној со кој се разбираме дури и да не зборуваме на ист јазик“.

„Твоите родители мораат да знаат дека со тебе во ништо не погрешиле. Ти си брат каков што секој може да посака, најдобриот соиграч, со тебе секогаш се чуствуваме сигурно. Не можам да ја заборавам твојата насмевка и шегите со останатите. Како што ти сакаше да се опишуваш „Моден дизајнер кој во слободно време игра фудбал. Ти си фудбалот, ти си она вистинското, детското“.

„Нашите мисли се со твоето семејство, Франческа и твојата принцеза Викторија. Задача на сите нас е да и раскажуваме каков беше нејзиниот татко, колку голем човек беше“.

„Ќе завршам со анегдота: Наутро кога пристигнуваше во собата за масажа секогаш го вклучуваше светлото. Тоа си ти за сите нас – светлина. Ти благодарам, Давиде“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…