Дома Македонски спорт Мак ракомет Против Словенија се започна и имаме позитивен скор – нека паднат Словенците и денес!

Против Словенија се започна и имаме позитивен скор – нека паднат Словенците и денес!

Денес репрезентацијата на Македонија го игра натпреварот против Словенија во рамките од квалификациите за европското првенство.

Ние сме четвртопласирани со шанси се уште да се пласираме на ЕП преку квалификациите, но за тоа е неопходно денес да ја победиме Словенија. На четвртата позиција ние имаме осум бода, Австрија пред нас има 10, Словенија 11 и Полска е лидер со 13. Зад нас се Израел (8) и Летонија (0).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Против Словенците сме одиграле досега вкупно пет натпревари од кои освен последниот во Словенија од овие квалификаици сите биле од пријателски карактер.

Словенија за нас е важна затоа што нашата репрезентација првиот натпревар во историјата го одигра токму против Словенија и тогаш победивме. На 13-ти октомври 1993 година во нашиот прв натпревар ја победивме Словенија со 1:4. Головите во тој историски натпревар за нас ги постигнаа: Бошковски, Панчев, Јаневски и Канатларовски.

Во петте натпревари против Словенија ние имаме три победи и само еден пораз

13.10.1993 Словенија – Македонија 1:4 (пријателска)

23.03.1994 Македонија – Словенија 2:0 (пријателска)

14.11.2012 Македонија – Словенија 3:2 (пријателска)

23.03.2016 Словенија – Македонија 1:0 ( пријателска)

24.03.2019 Словенија – Македонија 1:1 (ЕП квалификации)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…