Дома Фудбал Против Севиља Гвардиол покажа зошто е најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот

Против Севиља Гвардиол покажа зошто е најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот

Манчестер Сити ја победи Севиља на пенали и го освои Суперкупот на УЕФА.

Редовните 90 минути завршија 1:1. Јусеф Ен Несири и донесе водство на Севиља во првото полувреме, а Кол Палмер израмни во второто.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ерлинг Халанд, Џулијан Алварез, Матео Ковачиќ, Џек Грилиш и Кајл Вокер беа прецизни од белата точка за Сити. Лукас Окампос, Рафа Мир, Иван Ракитиќ и Гонзало Монтиел погодија за тимот на Севиља, а единствениот што пропушти е Немања Гудељ.

Според рејтингот на Sofascore, човек на мечот е Родри со оценка 8,7, а зад него се Џек Грилиш со 8,5 и Кол Палмер со 8,4.

Значително помал рејтинг од нив заработи Јошко Гвардиол, 7,5, кому ова му беше прв настап за Манчестер Сити од првата минута откако англискиот клуб го направи најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Овој натпревар беше доказ за се што се пишуваше во домашните и меѓународните медиуми пред, за време и по трансферот на Гвардиола од Лајпциг во Манчестер Сити.

Јошко Гвардиол и Пеп Гвардиола се спој од соништата. Дека е тоа така, најдобро сведочи топлотната мапа на Гвардиол од натпреварот против Севиља.

Хрватскиот стопер, верувале или не, најголемиот дел од контактот со топката го имаше на противничката половина од теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …