Барселона во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите ремизираше против Наполи одигрувајќи 1:1.
На тој начин каталонскиот гигнат си задржа подобри шанси за поминување во следната рунда. Меѓутоа со голот на Левандовски беше ставен крај и на една црна серија на Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Барселона тој гол беше прв во нокаут фазата по пауза од три години, односно над 1.000, а исто така и прв во ерата без Меси.
Последниот гол за Барселона во елиминационата фаза го постигна токму Меси на 10-ти февруари 2021 година во ремито 1:1 против ПСЖ во Париз. Барселона тогаш беше елиминирана поради поразот на домашен терен од 1:4.
Тој натпревар во Париз беше и последен за Барселона во нокаут фазата се до вчера, две сезони во низа каталонскиот гигант испаѓаше во групната фаза.